октомври 28, 2024

Во една соба сите, и во едно корито се бањаме од 5-6 години. Во тоа се переме, и во тоа се. Немам пари за во училиште. Сите јадат, јас трпам. Тие имаат јас немам. Многу ми е тежок животот. Никогаш не сме пробале смоки, ниту кифли. Доаѓаме дома, јадеме што ќе има. Сега снемавме и вода, вели Кети.
Овие тешки зборови на Кети допреа до секој Македонец, па од ден на ден растеше се повеќе и повеќе желбата за помош на ова семејство, и покрај што патот до нивното село е тешко прооден, но тоа не беше пречка за граѓаните да однесат храна пари и облека за малечката Кети и нејзиното семејство…

Скромниот дом е високо на еден селски кратовски рид, со часови оддалечен од градот, а до него нема ниту автобуски превоз. Од таа причина не работи ниту Блаѓе, таткото на Кети. Но после емисијата СРЦЕ НА ДЛАНКА и објавена истата на Шило Магазин се сменаа многу работи за ово семејство.

Братот на Кате доби понуда да работи во Германија или да си остане во Македонија за плата од 40.000 денари, Аце од Штип веќе започна хуманитарна акција да се реновира и куќата на малечката Кети.

Оваа тешка приказна допре и до тетовчанецот Далибор Ѓорѓевски вработен во рафениријата ОКТА. Далибор денес со своето возило го посети семејството Николовски, и покрај што едвај успеа да стигне до нивното село поради условите на патот и врнливото време, но тоа не беше пречка да однесе нови чизмички, патики, зимски јакни, и храна за повеќе од еден месец за Кети и нејзиното семејство.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK