октомври 28, 2024

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 193 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се 10 мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK