мај 21, 2024

Преку Единствениот број за итни случаи 112 е пријавено дека има паднат дел од фасада и можна опасност да падне уште некој дел во Центар, Скопје. Останатиот друг дел од фасадата, најгоре од зградата, не се знае во каква состојба е, но секако е потенцијална опасност за минувачите.

За среќа во инцидентот никој не е повреден.

Инаку, Регионалниот ЦУК Скопје веднаш ја извести Општина Центар за понатамошна постапка, согласно нивните оперативни процедури за вакви настани.

Настанот, согласно информациите од дежурните во Секторот за операции и координација, конкретно се случил на ул. ,,Димитрие Чуповски” кај ,,Табако Жак Мар” во близина на Министерство за правда.Од Општина Центар има повратна информација дека се излезени на терен и доколку имотот припаѓа на физички лица тогаш тие требало да го решат овој проблем со фасадата која почнала да паѓа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK