септември 23, 2024

Организацијата на Олимписките и Параолимписките игри во Токио, организирани во 2021. со едногодишно задоцнување поради пандемијата на коронавирусот, чинела 20 отсто повеќе од конечните бројки што ги објавија организаторите, покажа извештајот на јапонскиот Ревизорски суд.

Како што се наведува во извештајот, Летните олимписки игри чинеле 1.699 милијарди јени (12.1 милијарди евра според моменталниот курс), место 1.424 милијарди јени колку што организаторите лани објавија дека биле потрошени за нивна организација.

Ревизорскиот суд соопшти дека организаторите направиле пропуст и во конечниот извештај не вклучиле одредени државни трошоци поврзани со Олимписките игри, вклучувајќи и мерки против допинг, тренинзи на спортистите, јапонска храна во Олимпиското село и новиот олимписки стадион.

При кандидатурата на Токио, во 2013 година, буџетот за овие Олимписки игри беше проценет на 734 милијарди јени, односно за половина помалку од потрошените средства. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK