септември 23, 2024

Шпанскиот играч за врска Серхио Бускетс останува во редовите на Барселона најмалку до зима 2023 година, јавуваат локалните медиуми.

Изминатите денови се појавија информации дека искусниот фудбалер би можел да ја промени клупската средина во јануарскиот преоден рок, но според шпанските медиуми Бускетс одлучил да ѝ остане верен на Барселона.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во изјава за клупската телевизија рече дека големи се шансите Бускетс да го продолжи договорот.

„Пике и Бускетс се играчи кои ја пишуваа историјата на Барселона и влегоа меѓу клупските легенди. Покрај тоа, и двајцата се исклучителни луѓе. Што се однесува до Бускетс, Чави смета на неговите услуги и се залага тој да остане. Се зборуваше за заминување на зима, но сакаме да остане со нас до крајот на сезоната. Секако дека ќе ја почитуваме неговата одлука и ќе му помогнеме во сè што му е потребно. Барса е негов дом“, изјави Лапорта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK