Холандски град ја доби престижната титула Европски град на годината. Има канали, велосипеди и музеј полн со слики на Ван Гог. Сепак, не се работи за Амстердам, туку за градот Амерсфорт, пишува „Метро“.
Градот лоциран југоисточно од Амстердам може да се пофали со стар градски центар со згради кои датираат од средниот век. Улицата „Muurhuizen“, речиси кружна, се смета за една од најубавите во целиот град, а туристите сакаат да шетаат по неа, да застануваат по продавници и да јадат во некој од рестораните.
Како и главниот град на Холандија, Амерсфорт има и каналски систем, полн со мостови, кои може да се истражат со чамец. За љубителите на уметноста: градот е дом на втората по големина колекција на слики на Ван Гог и е исто така родно место на уметникот Пиет Мондријан, а посетителите можат да се упатат кон Мондријаанхуис, родното место на познатиот сликар.
Градот е дом и на кулата „Lieve Vrouwe“, која е сè што остана откако оригиналната црква беше крената во воздух. Висок е само 100 метри, но доколку се искачите ќе бидете наградени со прекрасен поглед на градот.
На Амерсфорт му беше доделена титулата европски град на годината од Академијата за урбанистичко планирање во Лондон, која го посети градот за да ја процени неговата одржливост, урбанистичко планирање и управување. Доби и пофалби за квалитетот на животот, како и за тоа како го одржува својот карактер и наследство.
„Амерсфорт се фокусира на благосостојбата и среќата на своите граѓани, од ограничувања за автомобили до обезбедување разновидни и висококвалитетни домови по пристапни цени“, рече жирито. Тој беше во потесниот избор за наградата заедно со шпански Естепона и англиски Ексетер, пренесува „Индекс“.
The post Градот Амерсфорт со канали, велосипеди и слики на Ван Гог е „европски град на годината“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде