ноември 23, 2024

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го осуди насилството врз палестинските цивили на Западниот Брег во телефонски разговори со претседателот на Палестина, Махмуд Абас и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, соопшти Елисејската палата.

Мојсоска: Комитите од Али Експрес осум години се опозиција, филџан не фрлија во Собранието
Очекувам до јануари ВМРО ДПМНЕ да застанат зад мојата кандидатура – Вело Марковски, независен кандидат за претседател
ИМА ПРЕМНОГУ ЦИВИЛНИ ЖРТВИ – Емануел Макрон со остра порака до Бенјамин Нетанјаху
Ќелијата во која Јанкулоска ја издржувала затворската казна
Мастика заглавена во уредот за отчукување на картичката на Џафери, седницата не може да продолжи!

Во соопштението се наведува дека Емануел Макрон му рекол на Махмуд Абас дека е неопходно палестинските власти и сите земји во регионот недвосмислено и со најголема решителност да го осудат терористичкиот напад што Хамас го изврши во Израел на 7. октомври.

Француското претседателство наведува дека Емануел Макрон во разговор со Бенјамин Нетанјаху рекол дека во Појасот Газа има „премногу цивилни жртви“.

Емануел Макрон, исто така, рекол дека е апсолутно неопходно да се разликуваат терористите од цивилното население во Појасот Газа, како и да се постигне итен прекин на огнот за испорака на хуманитарна помош, што треба да доведе до прекин на огнот.

Претседателот на Франција, исто така, му ја пренел на Бенјамин Нетанјаху својата голема загриженост поради ескалацијата на насилството врз палестинските цивили на Западниот Брег.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK