Кујнската сол содржи јод, кој се смета за неопходен елемент за одржување на различни функции во организмот, но …
И покрај тоа што кујнската сол содржи јод, кој се смета за неопходен елемент за одржување на различни функции во организмот, добро е познато дека прекумерното внесување сол во организмот не е здраво.
Премногу сол во секојдневната исхрана може да биде причина за болести на срцето, белите дробови и бубрезите, а покрај тоа, многу сол предизвикува задржување на водата, што се манифестира како надуеност, зголемување на телесната тежина или отеченост.
Сепак, тоа не нѐ спречува да продолжиме да консумираме големи количини сол преку солена храна како што е чипсот до навидум „здрава“ храна која содржи во големи количини, кои не ги сметаме за толку солени.
На изненадување на многумина, овие три намирници содржат многу повеќе сол од една кеса чипс и треба да го намалат нивното конзумирање:
Сирење со малку маснотии
Само половина чаша од ова сирење содржи дури 270 милиграми сол. Приближно половина чаша е количината што ја внесуваме за време на еден оброк. Со други зборови, невозможно е да не се претера со внесувањето на премногу сол во организмот доколку јадете сирење со малку маснотии.
Пченка и овесна каша
Пченката и овесната каша се омилен појадок за многумина, кои речиси никогаш не ги поврзуваме со сол. Но, имајте на ум при изборот на овие намирници дека некои житарки имаат повеќе натриум во себе отколку чипсот. На пример, една чаша корнфлекс содржи 270 милиграми натриум, што е 12 проценти од препорачаната дневна доза.
Интегрален леб
Во зависност од видот, едно парче интегрален леб содржи помеѓу 100 и 200 милиграми сол. Со други зборови, со консумирање само две кришки леб дневно, ќе внесете повеќе сол во организмот отколку со една кесичка чипс.
Следете не, не има насекаде