Скопје, 6 мај 2026 – Коалицијата ВЛЕН денеска излезе со остро соопштение во кое ја обвинува Демократската унија за интеграција (ДУИ) за, како што велат, „рециклирање на стари политички наративи“ и неспособност да се соочи со новата политичка реалност по заминувањето во опозиција.
Од ВЛЕН оценуваат дека критиките кон градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, произлегуваат од немоќта на ДУИ да го прифати губењето на влијанието, посочувајќи дека „партијата од ’Соравија’ и милионерите од Мала Речица не можат да го поднесат редот во Чаир“.
Во соопштението се нагласува дека политичкиот легитимитет на Меџити доаѓа директно од граѓаните, а не од партиски структури. „Изет Меџити не е производ на канцеларии и милувања од Али Ахмети. Тој има мандат од Албанците, како градоначалник и пратеник – со глас, со терен, со луѓе“, наведуваат од коалицијата.
ВЛЕН директно ги споменува и функционерите на ДУИ – Бујар Османи, Блерим Беџети и Фатмир Бесими, обвинувајќи ги дека политиката ја сведуваат на „тендери и личен комодитет“. Како аргумент, од коалицијата изнесуваат податоци за должината на нивниот престој на функции, посочувајќи дека Османи бил министер околу 3.700 дена, додека Беџети повеќе од 5.500 дена бил на различни позиции.
„Сѐ уште зборуваат за ‘заштита на Албанците’, додека за нив Албанецот е само број за глас, а функциите се третираат како семејно наследство“, велат од ВЛЕН.
Во соопштението се додава дека мала група околу лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја „приватизирала партијата“ и ги користи активистите за враќање на власт. Од ВЛЕН тврдат и дека ДУИ „сонува за минатото“, алудирајќи на поранешни политички сојузи и периоди на владеење.
Коалицијата потсетува на резултатите од локалните избори, каде што освоила власт во 10 општини, оценувајќи дека тоа е јасен сигнал дека „времето на ДУИ е завршено“
The post ВЛЕН: Милионерите од ДУИ се плашат од промените што доаѓаат во Чаир appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
