ноември 29, 2024

Василичарска епопеја“ е насловен муралот насликан на објект во центарот на Вевчани, од академските сликари Ангелина Спировска и Владо Муковски, со поддршка на Министерството за култура.

Муралот, како што појасни за МИА, Спировска, е инспириран од вековната традиција на Вевчанскиот карневал, а се протега на површина од 25 метри квадратни.

– Идејата за муралот пред се беше што во Вевчани и пошироко во регионот нема такво јавно уметничко дело, кое сега е достапно за сите граѓани. Сега луѓето не треба да одат во галерија, туку имаат уметничко дело, кое им раскажува многу битна работа за нив, тоа е вековната традиција на Вевчанскиот карневал. Можат заеднички да ужуваат во уметноста. Тоа е интересно и за посетителите – вели Спировска.

Муралот, според авторката, го раскажува целиот Вевчански карневал, со целата традиција и симболи.

– Самиот наслов на „Василичарска епопеја“ го раскажува целиот настан што се случува за Василица. Почнувајќи од раните мугри со појавување на маските на глупавите августи, кои ја предводат карневалската поворка, заедно со зетот, невестата, музичарите со традиционалните зурли и тапани до зетот и невестата облечени во вевчанска облека одат на извори до чинот на претставување на маските. Одењето на Вевчанските извори и завршува со претстава на последниот чин од Вевчанскиот карневал, палењето на маските – појасни Спировска во разговор за МИА.

Локацијата, нагласи, е интересна, бидејќи е во центарот на селото, каде што се одвива карневалот, во чија непосредна близина има и амфитеатар, со што просторот се збогатува со уште една културна содржина.

Но само после 2 дена уништен е муралот во Вевчани вреден 3500 евра. Имено муралот наиде и и на низа кртики бидеќи беше насликана “сатаната” а всушност станува збор за василичарскиот оган, во кој вевчанци ги горат маските верувајќи дека со тоа го протеруваат злото !!!!

Инспирацијата е земена од оваа фотографија…

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK