мај 6, 2026

Конфликтот во Украина можеше да заврши пролетта минатата година доколку Киев прифатеше неутрален статус, изјави лидерот на фракцијата „Слуга на народот“ во парламентот, Давид Арахамија, кој во 2022 година беше во преговарачкиот тим на Киев.

,,Со болка во душата и грутка во грлото” Ди Марија објави вест која ќе ги растажи Аргентинците: Се збогувам со најубавото

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија ќе ја напушти репрезентацијата по Копа Америка во 2024 година, соопшти денеска тој. „ Со болка …

Според него, Русија за време на преговорите побарала од Украина да прифати неутрален статус.

Тоа беше најважното нешто за нив: тие беа подготвени да ја прекинат војната ако прифатиме неутралност, како што тоа некогаш го правеше Финска. И ако се обврземе да не влеземе во НАТО. Тоа е главното – изјави Арахамија, пренесува украинскиот портал Страна.

На прашањето зошто Киев се откажа од прекинот на конфликтот, Арахамија одговори дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон влијаел на таа одлука.

– Во тоа време во Киев пристигна Борис Џонсон и рече: Нема да потпишеме ништо со Русите, едноставно да одиме во војна – рече Арахамија.

Порталот наведува дека медиумите претходно објавија дека Киев се откажал од потпишувањето на договорот минатата пролет по преговорите со Џонсон, а сега тоа практично го потврди и Арахами.
Да потсетиме дека руско-украинските преговори се водеа во Истанбул пролетта 2022 година, а Арахамија беше член на украинската делегација.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK