септември 22, 2024

Рогозин моментално е хоспитализиран во воената болница во Ростов.

Информациите за влошување на состојбата на поранешниот прв човек на руски „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин , не се точни, изјави денеска неговиот син Алексеј .

Рогозин и неговите соработници биле под оган во Доњецк, а тој бил погоден од шрапнел во ‘рбетот. 

Во нападот беше убиен соработникот на Рогозин, Михаил Бридасов , а Рогозин моментално е хоспитализиран во воената болница во Ростов.

Приказните дека состојбата на Дмитриј се влошува не се точни. Рано е да се зборува за состојбата на луѓето кои се здобиле со рани од шрапнели. Сите кои беа ранети во украинскиот напад на 21 декември во хотел во Доњецк остануваат под надзор на висококвалификувани лекари во Доњецк и Ростов – изјави Алексеј Рогозин, пренесе ТАСС.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK