мај 6, 2026

Во „Ист гејт мол“ била извршена евакуација на сите посетители и вработени.

Од портпаролот на Министерството за внатрешни работи велат дека се работело за опожарено возило во паркингот поради кое се активирале против пожарните аларми.

„Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ „Ист Гејт Мол“ се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило „Рено Лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.
Од МВР потврдуваат дека трговскиот центар е вратен во функција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK