мај 6, 2026

На еден од концертите во Рио де Жанеиро, пејачката Тејлор Свифт ја скршила петицата на чизмата и фрлила дел од високата потпетица во публиката, што предизвикало хаос меѓу обожавателите.

Фелипе Конрадо бил во ВИП-ложата, па успеал да ја фати, а сега ја продава за хуманитарни цели.

– Како што следеа многумина, собираме пари за да го платиме лекувањето на мојата братучеда која боледува од рак. Ти благодарам Тејлор за овој подарок – напиша Фелипе под фотографијата која ја објави на Инстаграм.

Тој забележува дека е огромен обожавател на Тејлор Свифт, но ако некој колекционер е заинтересиран, тој ќе ја продаде петицата.

На неговата братучетка Анџела и бил дијагностициран меланом откако лекарите и извадиле бенка од десната рака.

За да спречи метастази, на Анџела ќе и требаат 12 сесии на имунотерапија со лек кој чини речиси 730 долари месечно бидејќи не е покриен од бразилскиот здравствен систем.

The post (Фото) Тејлор Свифт фрли штикла во публика, „фаќачот“ ја продава за да ја излечи братучедата од канцер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK