мај 5, 2026

На 44 години почина негувателот во скопската Зоолошка градина, Ристе Трајковски. Информацијата ја потврдија вработени во ЗОО Скопје.
Ристе починал измината ноќ во неговиот дом, ние утрово слушнавме за тоа. Утринава нѐ пресретна работниот ден со тажна и многу страшна вест. Не знаеме од што починал. Утре е погребот, велат вработените.

Нешто подоцна во текот на денот угинала и Флопи, последната жирафа во скопската Зоолошка градина, која имаше околу 10 години.

– Обдукцијата е во тек, не може официјално да се излезе со информации, велат вработени во ЗОО Скопје.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK