мај 5, 2026

Министерот за образование и наука се обидува насилно да формира паралелка на наставен албански јазик во Чашка, реагираат од политичката партија Левица.

– Сè поочигледно е дека министерот Јетон Шаќири го инструментализира МОН ставајќи го функција на исполнување агенда која ни малку не е поврзана со образованието и подобрувањето на системот за образование во Македонија.

Партијата на Мицковски услогласена со СДС и ДУИ за избор на директор на ОТА во СОБРАНИЕТО

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска заеднички изгласаа директор на ОТА. На денешната 131 седница на Собранието на Република Македонија беше донесена одлуката за избор на Јаническа за нов директор на ОТА. …

По шверцувањето ученици со несоодветен број бодови во економското училиште „Јовче Тесличков“ – Велес, сега своите самоволија ги спроведува на територија на општина Чашка, во училиштето ООУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка. Најпрво, ги има одземено надлежностите од градоначалникот, за потоа да постави своја директорка. Училиштето работи без највисокиот орган за управување, Училишниот одбор, а директорката на своја рака кон средината од ноември формирала паралелка првооделенци на албански наставен јазик составена од шест ученици.

Освен што ваквото постапување е во спротивност со Статутот на училиштето истото се коси и со реонизацијата на ученици бидејќи паралелката е формирана со ученици за кои ниту не е извршен упис во училиштето, односно не се запишани во главната книга на училиштето, а чии родители немаат место на живеење во Чашка.

На територија на општина Чашка веќе постои училиште во кое наставата во целост се одвива на албански јазик („Лирија“ во с. Горно Јаболчиште). Шесте првачиња во н.Чашка кои не се жители на н. Чашка се сместени во просторија која се наоѓа надвор од училишната зграда, во интернатот кој претходно е затворен.

Министерот Јетон Шаќири не успева да продуцира учебници, но затоа продуцира хаос креирајќи проблеми и провоцирајќи меѓуетнички несогласувања и нетрпеливост!

Левица во целост ги поддржува протестите на родителите во Чашка и најостро го осудува самоволието што Шаќири го промовира! – истакнаа од партијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK