септември 22, 2024
Управата за извршување на санкциите смета дека не постои одговорност кај било кој вработен во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга во врска со постапката за спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот „Титаник 2“, бидејќи по вонредниот инспекциски надзор констатирано е дека не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Управата за извршување на санкциите информира дека денеска го спроведе претходно најавениот вондреден надзор во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга со цел да се проверат околностите поради кои на ден 22.12.2022 година осуденото лице С.М не беше спроведено во Основниот кривичен суд во Скопје на главна расправа по кривичниот предмет „Титаник 2”.

„Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое Судот побарал обвинетиот во предметот С.М. да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот. Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година“, се наведува во соопштението од Управата за извршување на санкциите.

Со оглед дека се утврдило дека овој акт е ист со претходно доставениот за расправата која била на 23.11.2022 година закажана за 12.12.2022 година, заклучено е, како што велат од Управата за извршување на санкциите, дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни Судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт.

„Имајќи предвид дека КПД Струга претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби , Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга“, нагласуваат од Управата за извршување на санкциите.

Воедно, како што информираат од Управата, разговарано е и со осуденото лице С.М. за настанатата ситуација.

Одговорните во КПД Струга денеска по електронска пошта се известени за следната закажана судска расправа на 26.12.2022 година и спроводот на осудениот е веќе планиран.

За предметот „Титаник 2“, кој се однесува на злоупотреби и влијанија во Државната изборна комисија за изборите во 2013 година, Кривичниот суд во март 2019 година неправосилно го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков на три години затвор за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Освен за оваа првостепена пресуда, Апелација претходно ги укина и првостепените пресудите против Мијалков за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ и ги врати на повторно судење.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK