мај 5, 2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски” во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден”, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски” до крстосницата со ул.„Љубљанска” и бул.„8 Септември”, од крстосницата со ул.„Скупи” до крстосница со бул.„Партизански одреди”.

Од  тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK