септември 19, 2024

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека најави дека се врача на терените по долгата пауза што ја имаше што ја имаше поради повреда. Надал потврди дека ќе настапи на турнирот во Брзибејн, на почетокот на наредната година, а потоа ќе игра и на првиот Грен слем во сезоната, Австралија опен.

Надал нема играно од јануари кога се повреди за време на неговиот натпревар од второто коло на Австралија опен против Мекензи Мекдоналд.

„После една година, време е за кам-бек. Се враќам во Бризбејн во првата недела од јануари. Се гледаме таму“, рече 22-кратниот Грен слем шампион во видео пораката на социјалните мрежи.

Рафаел Надал е еден од најдобрите тенисери на сите времиња, втор е по бројот на Грен слем титули со 22 големи трофеи, зад Новак Ѓоковиќ, кој досега освои 24.

Турнирот во Бризбејн се игра од 31 декември до 7 јануари и е последна подготовка пред почетокот на првиот Грен слем турнир во сезоната на Австралија опен, кој се игра од 14 до 28 јануари.

The post Надал го потврди дека ќе игра во Бризбејн appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK