мај 14, 2024

Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез го најави својот нов албум, како и филм за нејзиниот живот.

По пауза од речиси 10 години, Џенифер ќе го издаде албумот „Ова сум јас… Сега“, а на Инстаграм напиша дека албумот ќе го види светлото на денот на 16 февруари 2024 година.

Покрај тоа, таа додаде дека истиот ден ќе биде прикажан и нејзиниот музички филм.

Во тизерот на албумот, Џенифер се гледа како пали рачно напишано писмо од 24 декември 2002 година, набргу по раскинувањето на свршувачката со Бен Афлек.

„Животот е тежок, но ти си сладок. Ти благодарам за подарокот. Се надевам дека ти се допаѓаат цвеќињата. Ми кажа дека никогаш не можеш да имаш доволно. Ти верувам“, стои во описот на писмото потпишано од Б.

Заедно со видеото од драматичното палење на писмото, се слуша како Лопез вели:

„Кога бев мала, кога ме прашаа што сакам да бидам – ​​одговорот беше секогаш вљубена“.

The post (Видео) Џенифер Лопез ги израдува обожавателите: После 10 години издава нов албум, но и филм за себе appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK