мај 15, 2024

Луксузниот моден бренд Луј Витон лансираше чизми кои изгледаат како женска нога со чорапи и потпетици. Достапни се во потемни и посветли тонови на кожа, како и во должина на глуждот или коленото. Цената на овие чизми е 2000 евра на европскиот пазар, без разлика на верзијата.

Чизмите дебитираа на саемот на Луј Витон есен/зима 2023 година и се дизајнирани реално да го имитираат изгледот на вистинска женска нога облечена во „LV“ потпетици и бели чорапи. „Illusion Boots“ се рачно изработени од телешка кожа и рачно насликани за да создадат ефект на оптичка илузија.

@izzipoopi

Ultimate pollypocket/trompe-loeil boots

♬ original sound – IZZI

Не требаше многу време чизмите да станат вирални на Тик-ток и многу луѓе го кажаа своето мислење за нив, а како што често се случува, на некои им се допаѓаат, а други ги мразат. Тиктокерката „Izzi“ го пофали овој нов пар чизми и истакна дека е многу возбудена поради купувањето. Морав да ги купам“, вели таа во видеото и се насмеа.

Видеото досега собра над 6,5 милиони прегледи и многу коментари. „Ги сакам, но тоа ме тера да кажам – „дури и Луј Витон прави грешки““, „Ова е најсмешното нешто што сум го видела“, „Плативте за ова?“, „3000 долари за тоа е лудост“, Јас сум без зборови“, „Го сакам ова“, се само некои од коментарите.

Друга тиктокерка во своето видео рече дека мисли дека дизајнерите сакаат да се шалат со нив. „Дизајнерска грдост. Престанете да си играте со нас и со грди, одвратни дизајнерски предмети“, напишала таа во видеото. „Кој ги носи? прашува таа во видеото.

„Дури ми се допаѓаат“, „Ова е во случај да не сакам да се депилирам цела зима“, „Сакам да ги видам на некого“, „Мислам дека се кул“, „Венус Вилијамс ги носеше претходно оваа година и изгледаше слатко“, „Ова е најгрдото парче глупост што некогаш сум го видела наречено луксуз!“ се само некои од коментарите под видеото.

The post Новите чизми на Луј Витон чинат 2000 евра, Интернетот е полн со реакции appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK