септември 20, 2024

Во атарот на селото Бразда на половина пат кон спортскиот аеродром Стенковец стојат трагите од запалениот автомобил на монструмите кои ја убија четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска, објавува телевизија Телма.

До местото може да се стигне исклучиво по каллив земјен пат кој малкумина го знаат, дури и мештаните од Бразда не ја знаат точната локација.

КИДНАПИРАНИ КАКО ВАЊА ИМААТ ШАНСА ДА ПРЕЖИВЕАТ САМО 4 ЧАСА; Еве што вели творецот на српскиот Центар за исчезнати лица

Игор Јуриќ за ТВ Нова откри како го следел овој случај со оглед на тоа што имало голем интерес и контакти од македонските медиуми и дали можел …

На локалниот пат кон селото Бразда нема многу сообраќај и на две места има исклучување кое води кон локацијата каде што е оставен и запален автомобилот.

Ова е патот по кој се движат монструмите со „цитроенот“. Во багажникот е врзано и преплашено дете.

Планот веќе им е изјаловен и решени се да ги скријат трагите и повторно да ги окрвават веќе крвавите раце.

Признале, прво ја ликвидираат Вања каде околу 10 часот наутро, ја закопуваат, а потоа го носат возилото за да го запалат.

Според официјалните информации од истрагата, телото на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска е закопано во близина на опожарениот автомобил, во полињата од атарот на селото Бразда, кон спортскиот аеродром Стенковец.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK