септември 20, 2024

Целиот регион го потресе вестта дека малолетната Вања Горчевска (14) е пронајдена мртва. Вања била убиена во понеделник наутро, дента кога била и киднапирана.

Вања исчезнала на 27 ноември на пат кон училиште, а нејзиното тело било пронајдено вчера во село меѓу Скопје и Велес. Пронајдено е и телото на велешанецот Панчо Жежовски (74), чие исчезнување беше пријавено на 22 ноември. За убиството на Панче и Вања, според обвинителството, стојат исти лица.

(Фото) Телма го откри местото каде било запалено возилото на монструмите кои ја убија Вања Ѓорчевска

Во атарот на селото Бразда на половина пат кон спортскиот аеродром Стенковец стојат трагите од запалениот автомобил на монструмите кои ја убија четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска, објавува телевизија Телма. До местото …

За неописливата трагедија скршена од исходот за кој сите се надеваа дека нема да се случи проговори и познатата македонска пејачка Тијана Дапчевиќ.

– Тага… Беспомошност… Гнев… Прости ни, Вања. Сочувство до семејството – напиша Тијана со скршено срце и црно-бела фотографија од девојчето – жртва, како и цитат посветен на неа.

Да потсетиме, последните информации за овој трагичен настан се дека киднапирањето на Вања Горчевска (14) го организирал нејзиниот татко, изјави на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK