септември 20, 2024

Љупчо Палевски Палчо, осомничен за двојното убиство на Панче и Вања, отседнал во хотел во Србија, потоа заминал за Бугарија, па оттука влегол во Турција, во Баликсир и планирал да замине за Истанбул.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прес -конференција изјави дека турската полиција го уапсила додека се движел пеш во Баликсир.

Спасовски се заблагодари на турските власти затоа што помогнаа за приведување на лицето. Министерот ја покажа и потврдата што ја добил од Турција, но и фотографиите направени таму.

Вели дека истрагата ќе се шири, а за девојчето кажа дека имало прострелна рана.

Инаку, Спасовски не знае каде планирал да замине Палевски после Истанбул и кажа дека тоа ќе се дознае откако осомничениот ќе биде вратен во земјава.

„Пронајдовме еден пиштол денеска, односно два, ќе треба да се вештачат, да не шпекулираме предвреме“, рече министерот.

Оружјето го нашле на територија на Скопје. Спасовски кажа дека оние кои се трудат да ќарат политички поенти на мртви души се политиканти. Министерот спомна дека партијата на Палчо ширела ставови кои се против напредокот на државата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK