септември 21, 2024

Македонија е обвиена во црно, земјата ги живее едни од најболните денови од современата историја. Многу прашања се уште се поставуваат за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска – случај што го потресе целиот регион.

Зошто 14-годишната Вања Ѓорчевска е убиена неполни три часа по киднапирањето, ако намерата била да се бара откуп за девојчето?

6.декември.2023Антонио Гутереш: “Јавниот ред во Појасот Газа најверојатно целосно ќе се урне“

Антонио ГутерешвојнаИзраелОбединети НацииПојас ГазаХамас
6.декември.2023АУТ!!! СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПОТВРДИ – нема да се кандидира за втор мандат

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денес како „бомба“ изјави дека нема намера …

Дали ако осомничените планирале да бараат откуп, имале логистика, објект каде ќе го сокријат девојчето и ќе обезбедат храна и вода за Вања Ѓорчевска ?

Истрагата работи на одговор на сите неодговорени прашања за киднапирањето и убиството на девојчето.

Со оглед на тоа што Вања Ѓорчевска била киднапирана околу 07:20 часот, а убиена околу 10 часот, бидејќи, според исказите на еден од осомничените – „работите излегле од контрола“, а киднаперите наводно почнале да паничат бидејќи почнала потрагата по девојчето, прашањето се јавува како дознале за истрагата кога мајката објави на социјалната мрежа Фејсбук дури во 12:08 часот, два часа по убиството на детето.

Според извори од истрагата, детето било киднапирано околу седум часот и 20 минути, а околу 10 часот таа веќе била убиена во атарот на скопското село Бразда. Од центарот на Скопје до тоа место се вози околу половина час. Патувањето на убијците траело подолго, во меѓувреме, тие застанале на бензинска пумпа за да наполнат кофа со бензин, со што подоцна го запалиле украденото возило претходно од убиениот Панче Жежовски.

Дополнително, се поставува прашањето дали убиецот кој ладнокрвно уби дете, откако пет дена претходно убил друго лице, ова му е прво убиство во животот или не му затреперила раката затоа што тоа го направил претходно ?

И материјалната состојба на главниот осомничен Љупчо Палевски – Палчо ги меша мотивите. Како човек кој заработил милиони евра како градежен бизнисмен во 90-тите години, градејќи бројни објекти во Дебар Маало, на крајот киднапира дете за да изнуди десетици илјади евра ?

Истражните органи се свесни дека има многу неодговорени прашања, но велат дека треба да одговори истрагата која штотуку започна.

Да потсетиме, синоќа во Турција беше уапсен првоосомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски – Палчо.

Полицијата претходно приведе пет лица поради сомнение дека помагале или учествувале во киднапирањето и убиството на младата Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Меѓу нив е и таткото на малото девојче Александар Ѓорчевски. На четворицата од синоќа им е одредена мерка притвор до 30 дена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK