ноември 10, 2024

Приведен е Васко Стојков, адвокатот на Љупчо Палевски Палчо, кој како што јавноста знае, го превезувал Палевски од Скопје до Белград на 30-ти ноември. Обвинителството утре ќе одлучува дали ќе бара притвот за него, јавува Телма.

Стојков претходно беше на распит. Тој како што изјави за Телма претходно го превезувал Палевски до Белград бидејќи таму веќе имал закажани лекарски прегледи не знаел дека Палевски е вмешан во кривични дела, грабнувањата и убиствата.

„Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило, а не можел да обезбеди нотар да му се преведе возилото. Јас не знаев ништо за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград, кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам. Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да има преглед другиот ден и рече ако е се во ред ќе се врати назад. Ако не е во ред, рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата праваше претреси, ме прашаа и тогаш им кажав“, рече на 04.12.2023 за Телма адвокатот Стојков.
Извор Телма

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK