Најавите на директорот на Платежната Агенција, Никица Бачовски, за исплата на заостанатите дополнителни субвенции за предадено кравјо, овчо или козјо млеко кај регистриран откупувач, се реализираат.
По последната исплата на 5525 млекопроизводители кои предале кравјо, овчо или козјо млеко кај регистриран откупувач за произведеното и предадено млеко во август и септември 2021 година, со што се заокружи целосна исплатата за млекопроизводителите за фазата октомври 2020 – септември 2021, Бачовски најавува продолжување на исплата на премијата следната недела.
– Следната недела ќе има исплата за првата фаза млеко, предадено од октомври до декември 2021 година. Со оваа исплата на премијата можеме да кажеме дека во една година исплативме субвенции за млеко од октомври 2020 година до декември 2021 година – изјави за Агротим, Бачовски.
Со оваа исплата сточарите што предале млеко од октомври 2021 до декември 2021, заедно со исплатата на еден денар од интервентниот фонд, во краток период добиваат по 4,5 денари премија за кравјо млеко и 5,5 денари премија за овчо и козјо млеко.
Тој додаде дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со обработка на барањата за финаниска поддршка од програмата за директни плаќања со што континуирано ќе продолжи и исплатата на мерките.
Извор: Агротим
The post Бачовски за следната недела најавува продолжување на исплатата на субвенциите за млеко appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде