ноември 10, 2024

Еден од клучните бјути совети до кои мора да се придржувате, дефинитивно е менувањето на постелнина, барем еднаш неделно.

 

 

 

 

Овде не е во прашање само убавината, туку личната хигиена, и здравјето пред сè. Креветот треба да е сигурно и чисто место, во кое целосно ќе се опуштите, а валканите чаршави го расипуваат тоа.

 

Но, веруваме дека сè уште постојат такви кои не се придржуваат до ова правило, најчесто поради мрзеливост, а предупредувањето на професорот по микробиологија и патологија, Професор од Њујорк, конечно би можело да ве натера да ја усвоите навиката на менување постелнина еднаш неделно, бидејќи последиците се следниве:

 

„На постелнината, преку целата недела се собира голема количина на честички од нечистотија и човечка кожа. Таа нечистотија е вистинска „храна“ за паразитите, чиј измет може да предизвика опасни алергиски реакции“, објаснил професор.

 

Исто така, валканите чаршави се вистинско легло за габични спори, прашина, па дури и делови од тело на инсекти, а сето тоа може да предизвика иритација на кожата, кивање, чешање на очите и бројни други негативни реакции во телото.

 

Одвратноста тука не завршува. Некои бактерии, како златната стафилокока, можат да го преживеат и перењето, ако чаршавите не се перат на доволно висока температура. Иако оваа бактерија живее и во човечката кожа, ако навлезе во крвта, во некои случаеви може да биде дури и кобна, предуредил професорот.

 

Затоа, можеме да заклучиме дека редовното перење на чаршавите не ја чува само вашата убавина, туку и вашиот живот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK