септември 21, 2024

Група туристи паднала во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела откако не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат.

Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.

Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возела во гондола и правела селфи кога се случил инцидентот.

Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела, пишува Гардијан.

The post (Видео) Венеција: Гондола се преврте поради туристи кои одбиле да седнат и да престанат да прават селфи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK