септември 21, 2024

Да се прошири истрагата за групата на Љупчо Палевски, зашто нивните дејства се еднакви на тероризам и истите имаат криминално минато за кое требало многу порано да се реагира, вели универзитетската професорка од Факултетот за безбедност, Фросина Ташевска Ременски во разговор за „Гласот на Америка“.

Таа група, според моите неофицијални информации, имала многу поголеми планови. Постоеле списоци за ликвидации. Постоеле списоци за изнуди. Постоеле списоци за заплашување, списоци за киднапирања, што значи дека ова е предизвик за истражните органи. Предизвик за полицијата, за безбедносните служби. Да ги осуетат плановите и да ги претстават во јавноста и тоа да им биде дополнителна одговорност во целиот овој случај, вели Ременски.
Според поранешната министерка, можно е дека Палевски и неговата група имале и помонструзони планови.

Тие имаат позната криминалистичко-безбедносна и полициска историја, и не биле лица, коишто не биле претходно безбедносно третирани. Кога велам „безбедносно третирани“, мислам дека тие лица, во минатото во многу случаи биле предмет на еден постојан, континуиран оперативен надзор заради превенирање на вакви, слични планови коишто можеби биле и многу помонструозни, вели Ременски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK