септември 21, 2024

Фудбалерот на Јувентус и поранешен француски репрезентативец Пол Погба (30) падна на допинг тест во август. Французинот беше позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста кај спортистите.

Тестот му беше направен по натпреварот со Удинезе, кој Погба го гледаше од клупата за резерво. Подоцна,позитивен беше и Б примерокот земен од допинг контролата.

Погба оваа сезона одигра само 51 минута, а минатата сезона одигра 108 минути во шест првенствени настапи, со уште неколку настапи во Купот и Лига Европа, а може да помине многу долго додека повторно да го видиме на теренот.

Обвинителот на Антидопинг агенцијата сега и формално побара Погба да биде суспендиран на четири години, што речиси сигурно би значело крај на неговата кариера на елитното ниво.

Откако пред една година се врати во Јувентус како слободен играч, повредите го спречија да му помогне на клубот и да настапи на Светското првенство во Катар.

Неговиот најголем успех досега останува освојувањето на Светското првенство во Русија, каде што беше стрелец во победата (4:2) против Хрватска во финалето.

The post Обвинителството бара максимална казна за Пол Погба appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK