септември 21, 2024

Италија официјално се повлече од кинеската иницијатива „Појас и пат“.

Ова го пренесе агенцијата AFP, повикувајќи се на неименуван извор од владата на таа јужноевропска земја, пренесува Teletrader.

7.декември.2023Фото: Прво селфи на Боки 13 oткако е на слобода

Прво и најважно здравје, па потоа се ќе си дојде на свое. …
7.декември.2023Ковачевски: Што бараше опозиционерот Жоро Димитровски на средби со Палевски?!

По докажувањата на јавна сцена за тоа чиј е Љупчо Палевски-Палчо, првоосомничен …

Функционерот кој зборуваше за медиумите истакна дека комуникацијата меѓу двете земји ќе остане отворена.

Исто така, италијанскиот весник „Кориере дела сера“ објави дека Пекинг бил информиран за потегот на Рим пред три дена.

Италија беше единствената членка на Г7 која беше дел од Иницијативата „Појас и пат“, глобален трговски и инфраструктурен план направен по примерот на древниот пат на свилата, кој ги поврзуваше царската Кина и Западот.

Да потсетиме дека италијанскиот премиер Џорѓа Мелони, во разговор со кинескиот премиер Ли Џианг на почетокот на годинава, навести планот на Рим да се повлече од кинеската иницијатива „Појас и пат“.

„Премиерката Мелони го информираше својот колега за намерата на Италија да се откаже од проектот “, објави тогаш весникот „Кориере дела сера“, истакнувајќи дека премиерот Ли направил последен обид да го убеди Рим да ја преиспита одлуката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK