септември 21, 2024

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на црната листа можат да пријават незадоволство, но во секој случај ние имавме најавено санкција, истакна денеска американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.

Таа за време на посетата на Криволак одговараше за новинарски прашања во врска со најавите на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев дека ќе ја обжали одлуката на Стејт департментот, кој го стави на „црната листа“ поради корупција.
Агелер дополни дека листата ќе се проширува со нови лица, но не кажа кога и со кого, нагласувајќи дека не може да предвиди што ќе одлучи Вашингтон.

Има различни етапи и различни начини на кои луѓето кои се наоѓаат на „црната листа“ можат да пријават незадоволство но во секој случај ние имавме најавено санкција. Оваа санкција е воведена и ова не е нешто што лесно го прифаќаме и лесно го спроведуваме, но сепак ги следиме позитивните законски прописи на САД при воведувањето на ваквите санкции. Ве уверувам дека ќе има и други имиња“, кажа таа, додавајќи дека во земјава има епидемија на корупција, која треба да биде спречена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK