септември 21, 2024

Лицата ангажирани според годишниот план на ЈП- Паркови и Зеленило а кој е усвоен од Советот на Град Скопје кои воедно  ги плаќа Градот не добиле хонорари за месец октомври и ноември, дознава порталот Градска.мк.

Лице времено ангажирано во ова градско претпријатие, го потврдува ова за Градска редакција иако се ангажирани полно работно време.

„Ние сме ангажирани од Град Скопје за потребите на ЈП-Паркови и зеленило во полно работно време, не сме земале уште компензација за месец октомври и ноември, не знам што да правам од ова зависам јас и моето семејство, си играат со нас и лебот на нашите семејства„ вели за Градска редакција анонимен ангажиран во ЈП- Паркови и зеленило.

Според некои информации само во ЈП-Паркови и зеленило Град Скопје има ангажирано околу дваесет лица.

Градска.мк се обиде да стапи во контакт со директорот на претпријатието, но тој не одговори на нашите повици.

Според годишната програма на ЈП-Паркови и зеленило која ја освојува Советот на Град Скопје, потребата од нови времени вработувања се однесува на вработување на општи работници за работа на терен поради зголемениот обем на работа на територијата на целиот град. Токму поради зголемениот обем на работа претпријатието има ангажирано невработени лица за вршење на јавни работи согласно Одлуката за давање согласност на Програмата за дополнителни активности на ЈП Паркови изеленило-Скопје, во делот на одржување на јавни зелени површини на подрачјето на град Скопје за 2023 година .

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK