септември 22, 2024

Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски денеска свика прес-конференција по најавите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека со 4.000 амандмани ќе го блокираат носењето на ДУП-овите за „Алумина“, Влае и „Млечен“. Јакимовски изјави дека не ни очекувал дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги гласа ДУП, бидејќи како што вели, тие се нови современи објекти, како што има во Дубаи, Чикаго, Торотон, Виена, Софија, Белград.

-Тие се за згради со лажен барок, исто како што е лажна нивната политика и патриотизми, како што се лажни нивните заложби за зеленило. Имаат изградени објекти без ниту еден метар квадратен зеленило, туку 5-6 саксии, од кои три им се овенети. Зборуваат за бетонски чудовишта, а што е ова позади нас (штабот на ВМРО-ДПМНЕ) и кое претставува најголема бетонизација на квадратен метар во Македонија. Ние сите се сеќаваме на едно мало жолто зградиче на два ката со мало дворче, а гледате ли сега во какво бетонско чудовиште се изроди? Малку им беше чудовиштетот, па изградија и кула, што би рекол Кочо Рацин: „За себе банки дигнаа палати и кули тенки високи“, кажа Јакимовски на прес-конференцијата.

Тој наведе дека терасата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ е дивоградба.

-Дали налудничав проект има тој што предлага современи градби, со решено паркирање, со места за пензионерите и спорт и реакција, со 50% од изградбата зеленило, со најсовремени подземни сообраќајници или ова здание зад нас, со вакви тесни ходници, праша градоначалникот на Карпош.

Јакимовски информира дека со планираните згради на местото кај поранешната фабрика „Алумина“, предвидени се уште 1000 паркинг места, покрај планираните 2500 за резидентите во тој кварт.

-Карпош има најмногу зеленило од сите општини во градот Скопје. Ги лажат граѓаните дека ова не се вистинските проекти, лага е дека ќе има сенка врз бараките затоа што овие објекти се повлечени 35 метри од улицата Прашка. Направени се симулации дека никого не загрозуваат. И со ГУП е водено сметка за инфраструктура, за училишта, градинки. Тоа е современ проект. Истиот проект двапати претходно беше презентиран пред советниците и независните, потенцира градоначалникот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK