септември 22, 2024

Додека некои кучиња уживаат во летото и одењето на плажа, други едвај чекаат зима и снег.

Во интервју за „Daily Paws“, ветеринарката Кристин Данк од Дулут, Минесота, град познат по снежните врнежи, ги наведе расите на кучиња кои најмногу уживаат во зимското време. Овие раси се познати по нивното густо крзно со двоен слој влакна што служи како изолација од студот. Иако се прилично отпорни на студено време, овие кучиња не поднесуваат ниту екстремен студ, па нивните сопственици треба да внимаваат кога температурите се ниски.

Во продолжение ви претставуваме некои од најпопуларните раси кои се најдоа на листата.

Сибирски хаски
Познати по нивната љубов кон трчањето и силната желба за друштво, сибирските хаски се идеални за исклучително активни семејства. Тие се гласни, но не лаат премногу често и добро се согласуваат со другите кучиња. Но бараат секојдневно четкање.

Маламут од Алјаска
По изглед слични на хаски, но многу поголеми, овие кучиња се разиграни и уживаат во зимските радости. Тие се многу комуникативни и се одлична раса за активни луѓе кои имаат искуство со кучиња.

Бернско планинско куче
Bernese Mountain Dogs се совршени семејни кучиња – лојални, пријателски расположени и лесни за тренирање. Овие нежни џинови го сакаат снегот и им требаат околу 30 минути дневно вежбање за да бидат среќни. За разлика од маламутите и хаските, тие претпочитаат да се одмораат со своите сопственици.

Американско куче ескимо
Овие бели кучиња совршено се вклопуваат во снежното опкружување и се познати по нивната желба за учење. Тие се многу интелигентни и лесни за тренирање, но бараат неколку прошетки дневно бидејќи се многу активни и можат да паднат во депресија доколку не се движат доволно.

Лабрадор
Лабрадорите се една од најпопуларните раси на кучиња на сите времиња. Тие се интелигентни, сакаат да ги задоволуваат своите сопственици и ги обожаваат децата, што ги прави совршени семејни кучиња. Имаат двоен „капут“, поради што уживаат во снегот. Но, им треба секојдневна ментална стимулација бидејќи се многу интелигентни.

Куче од Њуфаундленд
Мирните, внимателни и тивки кучиња од Њуфаундленд првично биле одгледувани за да им помогнат на рибарите на островот Њуфаундленд. Имаат висока емоционална интелигенција, но треба што порано да се обучуваат бидејќи не се свесни за нивната големина.

Самојед
Самоједите привлекуваат внимание со впечатливото бело крзно, кое им овозможува да уживаат во постуденото време. Тие се многу активни и гласни, па во никој случај не се препорачуваат за луѓе кои живеат во стан. Самоједите најдобро се чувствуваат во големи дворови каде што можат да трчаат и да си играат со своите сопственици.

Пиринејско планинско куче
Овие прекрасни кучиња од кралски карактер биле користени како чувари на добитокот и имотите на француското благородништво. И покрај нивната големина, пиринеските планински кучиња се нежни со другите животни. Најмногу од сè, тие претпочитаат живот на фарма или селски имоти. Тие сакаат да спијат во текот на денот и да станат поактивни навечер.

The post 10 раси на кучиња кои сакаат зима и снег appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK