септември 22, 2024

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на минатиот викенд заплениле девизи кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата, соопштија денеска од Царинската управа.

Хеликоптер на АРМ принудно слетал поради проблеми со моторот – ова се деталите!

Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, …
Црногорец измамен во Македонија: Ваква местенка успева само кај нас

Граѓанин на Црна Гора пријавил во полиција на Северна Македонија дека бил ограбен среде бел ден на паркинг во близина на болницата во Скопје. Сепак, начинот на кој беше направено ги шокираше сите. Маж (52) дошол во …

– Поради сомневање, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото со кое лицето патувало и притоа во предниот дел од моторот под акумулаторот во фолија и во пластична зип кеса се пронајдени скриени странски девизи, за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило, се наведува во соопштението.

– До каде оди „креативноста“ на шверцерите!? Погледнете го видеото каде што колегите од мобилната царина откриваат девизи под акумулаторот во едно возило. Непријавените девизи се одземени, објави директорот на Царина, Стефан Богоев на неговиот фејсбук профил.

Согласно Законот за девизно работење, лицето сторило девизен прекршок и против него поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK