септември 22, 2024

По песната во која го прозва својот поранешен невенчан сопруг, Шакира (46) наводно би можела да сними филм во кој подетално ќе зборува за раскинувањето со познатиот фудбалер на Барселона, Жерар Пике (36).

Многумина со нетрпение го очекуваат тој можен нов документарец, а нивниот драматичен прекин беше проследен со многу пресврти, па за него би можело да се сними филм, пишува „Дејли Мејл“.

Шакира и Пике раскинаа во мај минатата година по 11 години заеднички живот, а нивното раскинување резултираше со потпишан договор за старателство на децата, синовите Милан и Саша.

Покрај тоа што претстојниот филм наводно ќе се фокусира на тешките моменти кои следеле по раскинувањето на нејзиниот живот со фудбалерот, пејачката ќе зборува и за даночните проблеми. Гласините се уште се непотврдени, но филмот би требало да излезе следната година.

Не се знае со сигурност каков жанр би можел да биде филмот, но се повеќе се чини дека пејачката навистина снима нешто од документарен карактер.

„Јасно е дека Шакира снима материјал за проект, документарец или реално шоу во документарен стил“, објаснуваат извори од странските медиуми.

Инаку, во понеделникот во Барселона започна судењето на колумбиската пејачка поради обвинувања дека не платила 14,5 милиони евра шпански данок на доход во периодот од 2012 до 2014 година.

Шакира, сепак, успеа да постигне решение на суд. Како дел од договорот, таа го прифати обвинението и се согласи да плати 50 отсто од износот на наводниот долг, кој е околу 7,3 милиони евра.

Шакира се согласи и да плати парична казна од 438.000 евра за да избегне тригодишна затворска казна, изјави судијата за време на сослушувањето.

The post Шакира снима филм за раскинувањето со Жерар Пике? appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK