септември 22, 2024

Дали СДСМ почна да им реализира проекти на градоначалниците на ДПМНЕ?

Во текот на вчерашниот ден на Фејсбук се појавија низа “хвалоспеви” за лидерот Мицкоски и неговата “маестрална” борба во Собранието за донесување на Буџетот на Република Македонија, со кој Буџет, практично, Владата ќе им ги реализира проектите на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Не може да ја лажат јавноста дека фотографиите со дилери на дрога се случајност

Додека полицијата деноноќно се бори со трговијата со дрога и апси дилери, ВМРО-ДПМНЕ станува засолниште на дилерите. Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, наместо да се грижат за безбедноста на нашите деца и млади, стануваат …

Да, тоа што досега не реализирале, а не реализирале речиси ништо, сега ќе им го реализира Владата, односно ќе им даде пари за да направат нешто, колку-толку да се рече дека работеле.

Веднаш откако СДСМ и ДПМНЕ здружено ги изгласаа амандманите за проектите на градоначалниците, почнаа фалбите по Фејсбук.

Во продолжение дел од градоначалниците кои се заблагодарија за помошта која ќе им ја даде Владата.

Гледате, добар дел од нив дури и ја пофалија Владата, во изминатите години средствата се трошеле непродуктивно, сега се трошат продуктивно. Браво за Владата, ама тука треба да се постави прашањето дали ДПМНЕ стана “кворумска партија” во замена за овие пари?

Дали Деловникот за работа на Собранието и измените на Кривичниот законик, беа поддржани од ВМРО-ДПМНЕ за да се договорат пари за нивните градоначалници кои во две години од мандатот не направија речиси ништо?

Дали вака функционира широка коалиција? Ние “ште поткрепиме” деловник, вие ќе дадете пари за проекти…

И додека се фалат дека се изгласани пари за проекти, а не се направени никакви проекти, заборавија да споменат дека СДСМ ги реализира проектите на градоначалниците на Мицкоски…

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK