септември 22, 2024

Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Не може да ја лажат јавноста дека фотографиите со дилери на дрога се случајност

Додека полицијата деноноќно се бори со трговијата со дрога и апси дилери, ВМРО-ДПМНЕ станува засолниште на дилерите. Христијан Мицкоски и ДПМНЕ, наместо да се грижат за безбедноста на нашите деца и млади, стануваат …

– Законското решение, најверојатно, ако не наредната недела, до крајот на годината, ќе го дадеме на Влада. Ќе остане во Собрание да има 61 пратеник, кои ќе се одважат законското решение да го донесат. Поинакво решение нема можност. Кажав дека строго стојам дека не треба да има ново зголемување на функционерските плати од март според методологијата и тоа е најмалку што може да биде направено. И сметам дека тоа не треба да е прашање на разговор со ниту еден друг чинител, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Македонија, за намалувањето на платите на функционерите за 78 посто, повтори дека е потребен општ консензус на сите.

– Во 1.260-те функционери има судии, обвинители, градоначалници, 120 пратеници, 20 министри, директори…, Сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина во нашето оптество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања, а камоли да им земете нешто од буџетот, изјави Битиќи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK