септември 22, 2024

ФИФА, светската куќа на фудбалот, го објави потесниот круг од тројца кандидати, кои ќе се најдат во изборот за тренер на годината.

Номинирани за престижната награда се Пеп Гвардиола и двајца Италијанци Лучијано Спалети и Симоне Инзаги.

Јасно е дека Гвардиола е првиот фаворит. Со Сити стана европски првак, а во Англија ја одбрани титулата и го освои ФА купот.

Спалети направи подвиг во Италија и по 35 години ја врати титулата во Серија А во Неапол. По освоената титула го напушти Наполи и ја презеде италијанската репрезентација.

Симоне Инзаги не освои ниту еден трофеј, но според ФИФА, тој имаше одлична година со Интер.

The post Гвардиола и двајца Италијанци кандидати за тренер на годината appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK