септември 22, 2024

Завршена е постапката за набавка на налепници со новата ознака „НМК“, а добитник на тендерот е компанијата КВАНТУМ од Скопје заедно со германската „ЕХА Хофман интернационал“.

За оваа цел, МВР ќе потроши 141,6 милиони денари (односно 2,29 милиони евра) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката.
Според договорот објавен на страницата на електронскиот систем за јавни набавки, единечната цена на пар таблички е 540 денари плус 97,2 денари ДДВ, што вкупно е 637,2 денари.

Налепниците, зависно од големината се од 29,5 до 41 денари. Како што е наведено во рамковната спогодба со „Квантум“, налепниците со димензии 99×42 милиметри и со 63х37 милиметри чинат 35,4 денари; оние со 85х40 милиметри – 41,3 денари; а најмалите 48×18 милиметри се и најевтини – 29,5 денари. Овие цени се предвидени за две налепници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK