септември 22, 2024

Италијанската актерка и модел Моника Белучи неодамна позираше за насловната страница на кинеското издание на магазинот „Esquire“.

Таа објави фотографии од сетот на Инстаграм, а декемвриското издание на гореспоменатиот магазин ја прикажува актерката во гламурозно издание – во различни пози и тоалети.

Како што можете да видите, Моника го снимила едиторијалот во црн макси капут, каде ги истакнала своите совршено извајани нозе, а оваа поза многумина ги потсетила на нејзината улога во познатиот филм „Малена“.

Бројните следбеници на Инстаграм на италијанската дива не останаа рамнодушни на овие фотографии, а своето мислење го кажаа во коментарите.

„Безвременски стил на безвременска дама“, „Го сакам нејзиниот стил“, „Каква класа“, „Таа е неверојатна“…

The post Цел свет зборува за најновите фотографии на Моника Белучи, еве зошто appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK