септември 22, 2024

Најпознатиот фудбалски менаџер Жорж Мендеш

Менаџерите и посредниците во фудбалските трансфери во 2023 година заработиле рекордна сума од 810 милиони евра, објави Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Ова претставува зголемување од 42,5 отсто во однос на минатата година и за повеќе од една третина го надмина претходниот рекорд поставен во 2019 година, соопшти ФИФА.

Англиските клубови придонесоа најмногу за овогодинешниот рекорден вкупен износ, потрошиле 255 милиони евра за посреднички такси, а клубовите од Саудиска Арабија се втори на листата со 78 милиони евра.

Конечнот износ е многу поголем бидејќи во овој извештај на ФИФА се обработуваат само прекуграничните трансфери, а не се вклучени оние направени во истат земја.

Со новите правила, ФИФА ги ограничи платите на менаџерите во милионски трансфери, но овие правила беа оспорени пред судовите во Англија и Германија. Судот во Англија пресуди дека заработката на менаџерите за ограничување е во спротивност со законите за конкуренција на Обединетото Кралство, додека Окружниот суд во Дортмунд издаде налог со кој се забранува примената на одредени делови од новата регулатива, вклучително и регулативата за ограничување на надоместоците, за секој бизнис поврзан со германскиот пазар.

Ова лето, Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана ја потврди легитимноста на прописите на ФИФА. Во извештајот на ФИФА за менаџерските хонорарите се наведува дека за првпат е надмината сумата од еден милион долари за посредување во трансферите кога се во прашање фудбалерките. Во рекордни 125 трансфери, во кои биле вклучени посредници, биле исплатени вкупно 1,28 милиони евра за хонорари.

The post Менаџерите заработиле 810 милиони евра од посредување при трансферите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK