септември 22, 2024

– Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека конфликтот во Украина воопшто не е сличен на она што се случува во Појасот Газа, во кој веќе два месеца Израел спроведува напади.

„Ние само зборувавме за ситуацијата поврзана со украинската криза. Но вие, сите присутни овде и целиот свет гледате. Погледнете ја специјалната воена операција (во Украина) и што се случува во Газа и почувствувајте ја разликата. Во Украина нема ништо слично“, рече Путин за време на годишната телевизиска прес-конференција во Москва.

Путин го откри бројот на војници кои се во зоната на конфликтот во Украина

Русија распоредила повеќе од половина милион војници, вклучително и многу доброволци, во борбената зона на украинскиот конфликт, откри претседателот Владимир Путин. Околу 617.000 војници и офицери се борат против Киев во …
Припадници на Xамас планирале терористички напади низ Европа

Тројца од осомничените се приведени во Берлин, а четвртиот во Ротердам, Холандија, пренесуваат британските медиуми. Четворицата уапсени биле долгогодишни членови на Хамас и биле тесно поврзани со раководството на воениот огранок …

Потоа Путин изјави дека настаните во Појасот Газа претставуваат „катастрофа“, укажувајќи на коментарите на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, кој рече дека енклавата станала „најголема гробница на деца во светот“.

„Ова е објективна процена, што можам да кажам тука“, рече Путин.

Путин, исто така, рече дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган игра водечка улога во решавањето на ситуацијата во Газа.

„Тој, се разбира, е еден од лидерите на меѓународната заедница што обрнува внимание на оваа трагедија и прави сѐ за да се осигури дека ситуацијата ќе се промени на подобро за да се создадат услови за долгорочен мир“, додаде Путин.

– Израелски сили ја спроведуваат процедура „Ханибалов протокол“
Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7 октомври.

На 24 ноември, во 07:00 часот по локално време, стапи на сила четиридневната хуманитарна пауза договорена меѓу Хамас и Израел, која потоа беше продолжена за уште три дена.

На 1 декември (петок), по завршувањето на хуманитарната пауза, израелската војска продолжи со своите интензивни напади низ Појасот Газа.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени 18.608 Палестинци, а ранети се над 50.594 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

Меѓу убиените најмалку 8.000 се деца, а 6.200 се жени.

Официјалната бројка на загинати во Израел изнесува 1.200, при што, според зборовите на пилот на Израелските вооружени сили, можно е дел од загинатите Израелци да се жртва на примената на „Ханибаловиот протокол“ од страна на израелската војска.

„Ханибалова директива“ или „Ханибалов протокол“ е контроверзна процедура што ја користат израелските одбранбени сили (ИДФ) со цел да се спречи киднапирање на израелските војници од страна на непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена на напад и елиминирање на киднапираните“. Овој протокол од страна на Израел е воведен во 1986 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK