септември 22, 2024

Ребека Велч ќе стане првата жена која ќе суди на натпревар од Премиер лигата. Велч ќе го суди натпреварот меѓу Фулам и Барнли на 23 декември.

Велч (40) е судија од 2010 година, таа беше првата жена која беше главен судија на натпревар од Чемпионшип, кога во јануари оваа година го водеше дуелот помеѓу Бирмингем и Престон.

Исто така, Сем Алисон, кој ќе биде судија на мечот меѓу Шефилд јунајтед и Лутон на 26 декември, ќе биде првиот црномурест судија во Премиер лигата по 15 години.

Јурај Рение, последниот црномурест судија во Премиер лигата, се пензионираше во 2009 година.

„Ова се многу важни денови за Ракел и Сем, и двајцата се исклучително квалитетни судии и заслужуваат да им се даде шанса“, изјави за Би-би-си шефот на Организацијата за судии во ПЛ, Хауард Веб.

Покрај натпреварите од женската Супер лига, Лигата на шампионите за жени и Светското првенство за жени, Велч, исто така, судела и натпревар од третото коло на ФА Купот (2022) и е на машката судиска листа на ЕФЛ за натпревари од Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2.

Во ноември, Велч веќе влезе во историјата на Премиер лигата како првата жена која беше дел од судискиот тим на натпревар во ПЛ – таа беше четвртиот судија на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер јунајтед.

The post Ребека Велч ќе биде првата жена судија во Премиер лигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK