мај 2, 2026

Динамо Загреб успеа да го освои второто место во Ц групата, во Конференциската лига. „Модрите“, го добија директниот дуел за второот место со Балкани. На Максимир резултатот беше 3:0.

Динамо отпорот на гостите од Косово успеа да го скрши во 69.минута, кога првиот гол го постигна Периќ. По тој гол се беше полесно за хрватскиот шампион.

Најдобриот играч Бруно Петковиќ со два гола во 72. и 79.минита од пенал ја потврди победата. Групата Ц ја освои Викторија Плзен со максимални шест победи.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо. За „модрите“, во нокату фазата прави на настап ќе има и Аријан Адеми.

Потенцијални противници на хрватскиот шампион на ждрепката во понеделник ќе му бидат третопласираните клубови од Лига Европа. Тоа се Олимпијакос (Грција), Ајакс (Холандија), Бетис (Шпанија), Штурм (Австрија), Ројал Унион (Белгија), Макаби Хаифа (Израел), Сервет (Швајцарија) и Молде (Норвешка).

The post Динамо преку Балкани избор место во нокаут фазата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK