септември 23, 2024

Гоце Николовски е роден во Скопје, во 1947 година. Тој беше еден од најголемите и најпознатите македонски пејачи на народна музика. Познат е по својот голем хит „Бисер балкански“.
Музичката кариера ја започнува со шеснаесет години во градот Ниш, каде што живее. Победник е во тогаш популарната емисија „Максиметар“ и уште тогаш ја навестува својата музичка кариера. Почнува во групата „Рубинси“, но многу брзо преминува во тогаш најпопуларната нишка поп-рок група „Далтони“. Славата на оваа група се шири по Југославија, а нивната песна „Рука од сна“, и денес често може да се чуе на нишките радио станици.
Својата популарност како музичар и пејач во Македонија ја достигнува во 1990 година кога на Фолк фест Валандово за прва пат ја изведува легендарната македонска песна „Бисер балкански“. Песната ја добила првата награда на фестивалот во конкуренција од повеќе изведувачи од Југославија. Песната наскоро станала многу позната, голем хит и широко прифатена од македонската публика и од македонскиот народ воопшто. Бидејќи песната се испеа на самиот распад на Југославија, Македонците си ја прифатија како симбол на својата долгочекана независност и сувереност и симбол на македонштината, а во дијаспората честопати била изведувана како македонска химна. Гоце Николовски често бил нарекуван и како бисер балкански, по името на својата песна.

Низ текот на годините, Гоце Николовски издал и неколку други песни како „Серенада’, „Приказна за Ангелина“, „Запејте сите ангели“, „Бисера“, „Песна од земја далечна“, но никоја од нив не ја достигнала популарноста на песната „Бисер Балкански“. Во 1992 година, Николовски учествувал на фестивал во Канбера, фестивал сличен на Фолк фест Валандово со песната „Од мајка нема помила“. Во Австралија и Канада, Николовски уживал многу поголема популарност отколку во татковината, факт кој го докажуваат големиот број продадени дискови,

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK