Манчестер сити и Арсенал ремизираа 2:2 во дербито од петтото коло на англиската Премиер лига. Сити поведе со голот на Ерлинг Халанд во деветтата минута, но Арсенал направи пресврт во првото полувреме со головите на Рикардо Калафиори и Габриел. Џон Стоунс погоди во 98. минута за реми.
И двајцата тренери се осврнаа на судењето на Мајкл Оливер по натпреварот. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола протестираше поради првиот гол на Арсенал. Имено, Арсенал го постигна тој гол откако неговите играчи изведоа слободен удар додека десниот бек на Сити, Кајл Вокер беше надвор од позиција бидејќи судијата како капитен го повика на разговор на центарот на теренот. Вокер не се врати на своката позиција, а Арсенал разви акција од која постигна гол.
„Следниот пат кога судијата ќе го повика капитенот на разговор, нема да оди. Тој мора да им дозволи да се вратат на нивната позиција. Но, во исто време мора да избегнеме такви брзи додавања, знаеме дека играат брзо, мораме подобро да ја организираме одбраната“, изјави Гвардиола по натпреварот.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета го обвинува судијата што му дал втор жолт картон на Леандро Тросард во судиското надополнување во првото полувреме поради шутирање на топката по свирежот.
„Претпочитам да не коментирам бидејќи видов се, тоа е толку очигледно. Ќе оставам на вас. Веќе има проблеми кога го коментирав судењето“, рече тој на конференција за медиуми, а еден новинар спомна дека играчот на Сити, Џереми Доку не добил жолт картон за слично однесување.
„Тоа сакам да го кажам, она што го велам толку очигледно што мислам дека е непотребно да се коментира. Очекувам 100 натпревари во Премиер лигата оваа сезона да се одиграат десет на 11, десет до десет или девет до десет
The post (Видео) Гвардиола и Артета не се задоволни од судењето во дербито appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде