септември 23, 2024

Иван Јуриќ со победа стартуваше на клупата на Рома. „Волчицата“ во Рим го победи лидерот Удинезе со 3:0. Ова е прва победа за Рома и прв пораз за Удинезе од почетокот на сезоната.

Да потсетиме, Јуриќ оваа недела ја презеде Рома, откако клупската легенда Даниеле Де Роси доби отказ поради лошиот старт на сезоната. Јуриќ беше слободен по заминувањето од Торино на крајот од минатата сезона по три години.

Избраниците на Јуриќ поведоа во 19. минута, кога Артем Довбик со одличен удар на асистенција на Стефан Ел Шарави го матираше гостинскиот голман Мадука Окоје.

На 2:0 од пенал во 49. минута зголеми Пауло Дибала, а конечните 3:0 ги постигна Томазо Балданци по убавата комбинација со Довбик. Јуриќ само една минута пред тоа го внесе Балданци во игра.

The post (Видео) Успешна шок терапија – Рома ја забележа првата победа во сезоната appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK